Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
H Top Cartago Nova
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот се наоѓа на поморскиот дел на шеталиштето во Malgrat de Mar меѓу областите на Calella и Blanes . Овој неверојатен хотел има одличен поглед кон морето или кон планините во зависност од која страна е собата од вашата резервација. Совршен за поединци, парови и семејства, бидејќи се наоѓа на само 25 метри од плажа и во околина на голем избор на барови, продавници и ресторани покрај море на самата променада на Малграт де Мар,  на 400м од центарот и железничката станица. Малграт де Мар е тивко место со традиционален и културен живот, многу зелени површнини и плажа долга 4,5 км. 
Опис:
Хотелот располага со ресторан кој нуди традиционална и меѓународна кујна, бар, отворена тераса покрај базенот, базен со дел за деца, пинг понг…
Сместување:
Сите соби се климатизирани,  имаат балкон, целосно опремена бања, телефон, ТВ, сеф со доплата.
Плажа: 25м
Услуга: FBww (полн пансион со вклучени вода и вино за време на оброците)

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 40х30х20) по лице
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија
* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Доплата за чекиран багаж 20 кг
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел
За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

* Цените се изразени во ЕВРА, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО
01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.
од 01. до 07/10. ден КОСТА БРАВА
Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.
08./11. ден КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.