Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
H TOP Calella Palace & Spa
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Ресортот е лоциран во тивката, резиденцијална зона во Калеа, на само неколку минути пешачење до најблиската плажа и многу блиску до голем број на ресторани, барови и продавници во самиот центар на гратчето.

Опис:
Хотелот располага со голем надворешен базен со одделен базен за деца, како и тераса за сончање опремена со лежалки, внатрешен базен, 3 џакузија, бар, солариум, спортска сала, сала за куглање, бар и ресторан во кои се нуди колем избор на интернационална храна.

Сместување:
Собите се модерно и комфорно опремени со балкон со поглед кон градината или базенот, клима уред, сателитска ТВ, телефон, бања, фен за коса.

Плажа:
600м

Услуга: FBww (полн пансион со вклучени вода и вино за време на оброците)

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 40х30х20) по лице
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија
* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Доплата за чекиран багаж 20 кг
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел
За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

* Цените се изразени во ЕВРА, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО
01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.
од 01. до 07/10. ден КОСТА БРАВА
Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.
08./11. ден КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.