Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Grey Hotel Kopaonik
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Отворен во Декември 2016 година, Hotel Grey е лоциран во туристичкиот центар на Копаоник, на самото подножје од стазата Караман Гребен. Како мал и луксузен бутик хотел, особено значење е ставено на дизајнот, персонализираната услуга, квалитетот и комодитетот на сместувањето.

Соби: Располага со вкупно 17 соби и апартмани, прекрасно опремени и дизајнирани со италијански мебел и керамика. Секоја соба има купатило со фен и првокласна козметика, ТВ со избор на бесплатни канали, уред за климатизација/греење со индивидуална регулација, Wi-Fi, телефон, кетлер за кафе и чај, минибар, сеф, прибор за пеглање... Во Делукс собите може да се сместат до 2 лица; додека во апартманите до 5лица (5то лице на дополнителен лежај со помали димензии).

Содржини: Во состав на хотелот има ресторан каде се служи пансионскиот појадок, додека други оброци може да  се нарачуваат во а ла карт ресторанот "Grey Gourmet". Пространата хотелска тераса со надворешен шанк овозможува уживањево во зимското сонце со прекрасен погледкон стазите. На располагање на гостите е и мал спа центар кој содржи внатрешен базен, релакс зона, финска сауна, био сауна, парна бања, соби за масажа, фитнес. Хотелот има подземна гаража и ски остава.