Локација: Хотелот Fontana Hotel Bali, a PHM Collection, е уникатно дизајниран со модерен стил, додека го задржува автентичниот амбиент на балиската архитектутра. Хотелот се наоѓа во центарот на областа Кута, на само еден блок оддалеченост од областа на Легиан и со својата погодна локација обезбедува лесен пристап до сите важни градски објекти, ресторани, продавници, ноќни клубови и барови. Меѓународниот аеродром Бали е оддалечен на само 30-минути возење, додека од плажата Kuta Beach е оддалечен на само 2 км, а само 10 минути пеш од Легиан.
Сместување: Хотелот располага со Superior, Deluxe & Family соби, и Fontana Suite. Сите соби се климатизирани и модерно опремени. Секоја соба има бања, фен, LED телевизор со кабелски канали, бесплатен Wi-Fi интернет пристап, телефон, клима уред, сеф и апарат за чај и кафе.
Хотелски содржини: Хотелот Fontana Hotel Bali поседува ресторан Portabella Bistro кој служи автентични и креативни италијански јадења, додека кафулето Sunny 16 Cafe е отворен 24 часа. Хотелот располага со отворен базен, бесплатен Wi-Fi на јавните места, 24-часовна услуга на рецепција, продавница за подароци, фризерски салон, сервис за перење и лифт. Гостите исто така можат да уживаат во спа & велнес центарот и консиерж услугите.
Плажа: Хотелот е оддалечен 1,2 км до плажата Kuta Beach и плажата Legian Beach. Хотелот нуди бесплатен шатл автобус до плажа според претходен распоред.