Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
FONTANA BALI
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Fontana Hotel Bali, a PHM Collection, е уникатно дизајниран со модерен стил, додека го задржува автентичниот амбиент на балиската архитектутра. Хотелот се наоѓа во центарот на областа Кута, на само еден блок оддалеченост од областа на Легиан и со својата погодна локација обезбедува лесен пристап до сите важни градски објекти, ресторани, продавници, ноќни клубови и барови. Меѓународниот аеродром Бали е оддалечен на само 30-минути возење, додека од плажата Kuta Beach е оддалечен на само 2 км, а само 10 минути пеш од Легиан.


Сместување: Хотелот располага со Superior, Deluxe & Family соби, и Fontana Suite. Сите соби се климатизирани и модерно опремени. Секоја соба има бања, фен, LED телевизор со кабелски канали, бесплатен Wi-Fi интернет пристап, телефон, клима уред, сеф и апарат за чај и кафе.


Хотелски содржини: Хотелот Fontana Hotel Bali поседува ресторан Portabella Bistro кој служи автентични и креативни италијански јадења, додека кафулето Sunny 16 Cafe е отворен 24 часа. Хотелот располага со отворен базен, бесплатен Wi-Fi на јавните места, 24-часовна услуга на рецепција,  продавница за подароци, фризерски салон, сервис за перење и лифт. Гостите исто така можат да уживаат во спа & велнес центарот и консиерж услугите.


Плажа: Хотелот е оддалечен 1,2 км до плажата Kuta Beach и плажата Legian Beach. Хотелот нуди бесплатен шатл автобус до плажа според претходен распоред.

Забелешки

Цената е во тотал за селектираниот хотел и број на лица сместени во основен тип на соба. Истата вклучува  повратен трансфер од аеродромот на Бали до хотелот, асистенција од локалниот партнер, сите туристички и административни такси.

 

Дополнително цените вклучуваат неколку придружни екскурзии на Бали:
- 3 екскурзии за престој од 7-11 ноќи (2 целодневни и 1 полудневна)
5 екскурзии за престој од 12-14 ноќи (3 целодневни и 2 полудневни)  

 

Во цените не се вклучени авионските карти до Бали - за понуда на авионски карти или конкретна пакет понуда Ве молиме контактирајте не.

За празнични периоди (Нова Година, Божиќ, итн.) можни се дополнителни доплати кои не се вкалкулирани во цена.

Програма

1.ден: Пристигнување на аеродромот во Денпасар на Бали. Трансфер до избраниот хотел. Пријавување во хотел и превземање на соба согласно хотелски правила.

Денови на престој: Слободно време за уживање, одмор и индивидуални активности. Вклучени неколку бесплатни екскурзии чија реализација се договара со локалните претставници.

Последен ден: Напуштање и одјавувањ на собите согласно хотелските правила. Организиран трансфер до аеродромот на Бали за повратниот лет.