Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
ELA QUALITY RESORT
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 Локација :Хотелот  се наоѓа во областа Белек, 35км од аеродромот и 45км од центарот на Анталија.
Сместување:Хотелот има  583 соби. Сите соби имаат купатило, фен, клима уред, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, млеко, кикирики, пиво секој ден), сет за кафе и чај, сеф, LCD – TV со сателитски програми, балкон. WI-FI интернет бесплатен во сите соби.
Содржини:Enderun-главен ресторан ,A’la Carte ресторани La Salsa -Мексиканска кујна, Teppanyaki Hida -Јапонска кујна, Alagra -морска храна, AB-I-LAL -Турска кујна, Restorante La Perla- Италијанска кујна, Passion Gourmet -Француска кујна, (не е дозволен влез на деца под 12 год.), Kalamata -ресторан за скара, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, интернет и компјутерски игри, rent a car се наплатуваат. WI-FI интернет бесплатен.
Спорт и забава:Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 5 лизгалици за возрасни и 4 лизгалици за деца, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, фитнес центар, не моторни водени спортови, билијард, мини голф, забавен парк, Турска бања, сауна, џакузи. Осветлување на тениските терени , моторните водени спортови, SPA центарот, салон за убавина, куглање, часови по голф, со доплата. Забавни програми со професионален тим преку целиот ден, шоу програми во вечерните часови, курсеви по готвење, забава на плажа, гала вечери, кино. Мини клуб за деца Everland Q од 00-17 год. со специјални програми, ресторан за деца, кино и мини диско навечер.
Плажа :Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљони на плажа со резервација, се наплатуваат.