Локација: Се наоѓа во центарот на Пампорово преку улицата од хотелот Перелик и 900 метри од ски-лифтот до кој се организира трансфер со минибус.
Соби: Хотелот располага со 34 стандардни соби и 10 апартмани. Секоја соба има сопствена бања (туш / тоалет), LCD телевизор, телефон, фрижидер и балкон. Апартманите имаат посебна спална соба.
Хотелска содржина: Покрај главниот ресторан, хотелот има и лоби бар, Wi-Fi е достапно низ целиот хотел. СПА центарот вклучува сауна, парна соба, џакузи и простории за масажа. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.
Цената вклучува: Wi-Fi, трансфер до гондолата.