Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
CRYSTAL PARAISO VERDE RESORT
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 25км од Белек и 40км од аеродромот во Анталија.

 

СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 670 во 11 блока. Стандардни соби 460 (26м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, Стандардни соби со кревети на спрат 60 (26м², макс.2+2 лица)-една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, Фамилијарни соби 88 (42м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, Фамилијарни соби со кревети на спрат или високи душеци 60 (42м², макс.5 лица)-две спални и едно купатило, Суит соби 2 (44м², макс.2 лица)-една дневна, една спална и едно купатило со Џакузи, поглед на море. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит ситем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со сокови и вода), сеф, ламинат или плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.

 

СОДРЖИНИ: Главен ресторан Crystal со шведска маса, A’la Carte ресторани (Il Turko-Турска кујна, Pescatore-морска храна, Италијански и Мексикански ресторан, BBQ, Buffalo Stake House), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет конекција во соби, продавници, компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат.

 

СПОРТ И ЗАБАВА: Отворени и затворени базени, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, салон за убавина, масажа, куглање, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови, кино. Мини куб за деца од 4-12 год.

 

ПЛАЖА: Хотелска плажа, песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.

 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 28.02.2022:

» Резервација со уплата од само 100 еур !

Резервирајте рано со авансна уплата од само 100еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100еур по пријава за аранжман/соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање. 
- Авансот од 100еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5% 

» Плати се - користи 7% попуст!

За резервации со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7% 

 

Во случај на позитивен ПЦР тест на патник пред поаѓање, ништо од уплатениот износ за резервација не пропаѓа, односно ќе може да се користи во наредна прилика - во договор со агенцијата. 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.