Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Costa Luvi Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Costa Luvi се наоѓа на приватна плажа во Гумбет (Gümbet) кој е оддалечен 3 км (5 мин.) од центарот на градот Бодрум. Од аеродромот во Бодрум е оддалечен на само 40 минутно возење.

Сместување: Хотелот располага со модерно опремени соби, дизајнирани да ги рефлектира убавините на тиркизното море. Сите соби имаат бања со туш, балкон или тераса, фен, сателитска ТВ, клима уред, телефон, сеф, мини бар.

Хотелски содржини: Хотелот располага со еден ресторан кој нуди панорамски поглед на Средоземното Море, прекрасна градина, лоби бар, бар на базен, Велнес и СПА центар, 24-часовна рецепција и менувачница. Wi-Fi  безжичениот интернет е достапен на јавните површини бесплатно.

Спорт и забава: Надворешен базен, детски базен, аеробик, пинг тонг маса, дневна и вечерна анимација за деца и возрасни.

Плажа: Хотелот се наоѓа на своја приватна плажа, со бесплатни лежалки и чадори на базен и на плажа.

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Авионски превоз со Turkish Airlines на релација Скопје – Бодрум – Скопје преку Истанбул со редовна линија (цените на аранжманот може да се променат доколку не се најде авионска карта по калкулираната тарифа)
* Вклучени аеродромски такси .
* Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин.
* Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром во Бодрум.
* Услугите на претставникот на организаторот или ино - партнерот на дестинацијата.
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително здравствено патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
* За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 40% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.
* Резервации и уплати може да се вршат директно во некоја од канцелариите на Аурора Турс во Скопје, безготовински со картичка, со банкарски трансфер на некоја од сметките на Аурора Турс, или преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

ЗАБЕЛЕШКИ: Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 40% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

 

Програма

БОДРУМ – Индивидуална програма

1.ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – БОДРУМ

Пристигнување на Скопски аеродром 3 часа пред лет, согласно актуелнитеправила за чекирање . Полетувањето на авионот на Turksih Airlines кон Бодрум со конекција преку Истанбул во поставеното време, најчесто наутро во 08:50. По пристигнувањето, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Турција и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот.


Денови од престој: БОДРУМ (Хотел)

Престој во избраниот хотел во регионот на Бодрум, на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.


Последен ден: БОДРУМ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот (продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата). Организиран трансфер до аеродромот во Бодрум. Лет за Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines во поставеното време, согласно издадената карта за враќање - најчесто попладне. Пристигнување во Скопје. Крај на услугите.

*** Точните времиња на лет зависат од датумите на патување. Алтернативно може да се патува и други датуми различни од наведените како и со други авиокомпании (на пример Pegasus Airlines)