Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Cleopatra Luxury Beach Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во заливот Makadi Bay. Тој е 30 километри од центарот на Хургада и на исто растојание од аеродромот.
Соби: Хотелот располага со 527 соби од различни категории, и сите имаат бања (туш / WC), фен, клима уред, сателитска LCD телевизор, телефон, сеф, мини бар, балкон или тераса. Стандардни соби се 35м2 (спална со софа) и семејните соби 77м2 (две соби со едно купатило). Дел на одморалиштето е наменет само за гости постари од 18 години (возрасни) и има 79 супериор соби, кои се разделени во посебен дел на хотелот, веднаш до плажа, во кој има отворен базен, ресторан и бар.
Содржини: Хотелот зафаќа површина од околу 300.000 м2. Покрај главниот ресторан има 2 a la carte ресторани, паб, ноќен клуб и 4 барови, интернет центар, сервис за перење и пеглање, продавница, размена на валута, рент а кар и продавница за сувенири. Wi-Fi е бесплатно само во фоајето на хотелот. Во рамките на хотелот постои посебен дел ,,Adults Only’’, кој е ексклузивен за возрасни лица.
Спорт и забава: Гостите можат да користат 8 отворени базени (еден загреан во зима и 2 за деца), 6 тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, билијард, пинг-понг, нуркање и бројни водни спортови. Во рамките на бањата има 3 сауни, соби за масажа, турска бања, џакузи, фитнес и салон за убавина. За најмладите гости се грижат  тимот на аниматори во детскиот клуб. Гостите користат лежалки, чадори и крпи без дополнителни трошоци.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна, долга 400 метри. Помал дел од плажата има корален гребен каде што се влегува во водата преку понтон.