Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Bodrum Park Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа на 16 км од центарот на Бодрум и на 40 км од аеродромот. Зафаќа површина од 120.000 м2.


Соби: Хотелот има вкупно 288 соби. Секоја соба е климатизирана и има бања (туш / тоалет), фен, ТВ, телефон, сеф, мини бар, котел за кафе, тераса или француски балкон. Собите во главната зграда имаат француски балкон.


Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има главен и снек ресторан. Гостите на располагање ги имаат и  а ла карт рестораните (азиски, италијански, турски и медитерански), слаткарница, 4 барови и диско-клуб за ноќен живот. Дополнителните услуги вклучуваат фризерски салон, лекарски услуги, продавница, услуги за перење и пеглање, менувачница, Wi-Fi конекција, продавница за фотографии и продавница за сувенири.


Спорт и забава: Хотелот има неколку отворени базени, аква парк кој има 5 тобогани. Гостите кои сакаат мирен одмор можат да се релаксираат во еден од базените, кој е без анимација и е опкружен со зеленило (релаксиран базен). За љубителите на спа и велнес програми, има турска бања, сауна, простории за масажа и салон за убавина. Меѓу понудените спортски активности се билијард, пикадо, пинг-понг, тениско игралиште, игралиште за мал фудбал и мини кошарка, а на плажа постои можност за одредени спортови на вода. Најмалите гости можат да се забавуваат во мини клубот и се организира целодневна анимација за гостите на хотелот.


Плажа: Хотелот се наоѓа на приватна песочна плажа, која е една од најубавите на полуостровот Бодрум, препознатлива по кристално чистата вода.