Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Baron Palace Sahl Hasheesh
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Baron Palace e луксузен хотелски комплекс, кој се наоѓа во заливот Sahl Hasheesh, 20 км јужно од Хургада и 17 км од аеродромот.
Соби: Хотелот располага со 615 модерни и пространи соби и апартмани со бања (бања / туш / WC), фен, сателитска ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, железо и даска за пеглање, чај и кафе, интернет и балкон или тераса.
Содржини: Хотелот се протега на површина од 100 000 м2. Покрај главниот ресторан има 6 a la carte ресторани кои нудат интернационална кујна (италијански, ориентални, мексикански, кинески, јапонски) рибен ресторан, бар во фоајето, од страна на базенот, на плажа и има уште 4 тематски пабови на располагање. Дополнителни содржини на хотелот вклучуваат фризер, докторски услуги, менувачница и услуги за перење и пеглање.
Спорт и забава: Отворени базени шири над 5.000 м2 со водените површини: каскаден базен, базен со ефекти, релаксирачки базен за медитација, детски базен и џакузи. Гостите исто така може да имаат крпи, лежалки и чадори покрај базенот и на плажа. За љубители на спортот и забава достапни се: фитнес центар, 3 тениски игралишта, стаза за трчање, одбојка на плажа, пинг-понг и спортови на вода, Спа центарот е на површина од 2.300 м2, со турска бања, сауна, парна бања, џакузи, топло и ладни тушеви, масажи и козметички третмани. Установи за деца: базен со тобогани, игралиште и парк за забава, мини клуб, Junior клуб, три кино сали, услуга за згрижување на деца, детска мени и детски ресторан.
Плажа: Хотелот има прекрасна песочна плажа, долга 600 метри

Забелешки

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6, 8, 9,10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год) 
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори најмалку 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 14 дена пред почетокот на аранжманските услуги.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. "

Програма

1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада, средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).
од 2 до 6/8/9/10/13. ден ХУРГАДА Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).
7/9/10/11/14. ден ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите до пладне, односно според правилата на хотелот по што завршуваат хотелските пансионски услуги. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (нраеднит ден).