Локација: Хотелот е дел од комплексот "Конаци" и се наоѓа во самиот туристички центар на Копаоник, во непосредна близина на ски стазите.
Соби: Располага со 35 соби и апартмани, сите модерно опремени со купатило, фен, ТВ, телефон, мини бар, сеф, Wi-Fi.
Хотелски содржини: Во склоп на Angella Family Hotel има главен ресторан во кој се служат пансионските оброци. Освен главниот ресторан, тука е А Ла Карт ресторанот "Салаш 137", како и лоби и аперитив бар. Дополнително, на располагање на гостите е Спа центарот во чиј состав има финска и инфраред сауна, парна бања, џакузи. Во склоп на хотелот има и продавница, ски остава, конгресен центар...