Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
AKKA ANTEDON
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќи цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:Хотелот се наоѓа во областа Beldibi, на 15км од Кемер, 30км од центарот на Анталија и 45км од аеродромот во Аталија.
Сместување:Хотелот има вкупно 500 соби во две главни згради и фамилијарен блок и 7 вили. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима (која работи според временските услови), телефон, мини бар (вода, минерална вода, сокови и пиво, се надополнува секојдневно), чајник и кафе сет, сеф, бањарка, сателитска ТВ и мизички канали, Wi-fi интернет, балкон.
Содржина:Главен ресторан Divan со шведска маса, A’la Carte ресторани: Safran -турска кујна, Gulet - рибен ресторан, Olive - италијанска кујна, Pasha (посебно мени-француска кујна), барови на различна локација во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, фризер, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерските игри, продавници, rent a car се наплатуваат.
Спорт и забава:Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мал фудбал, пинг понг, немоторизирани спортови на вода не се наплатуваат. Велнес и Спа центарот, масажа, осветлувањето за тениските терени, опрема за тенис, моторизирани спортови на вода, билијард се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, во вечерните часови шоу програма со жива музика, кино. Мини клуб за деца.
Плажа:Хотелската плажа е со средно крупен песок, чадори за сонце, лежалки и пешкири за плажа не се наплатуваат. Павиљони со претходна резервација и се наплатуваат.

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Превоз со авион со вклучени аеродромски такси на релација Скопје – Анталија – Скопје.
* Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин.
* Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
* Услугите на претставникот на организаторот или ино - партнерот на дестинацијата.
* Трошоци за организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително здравствено патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
* За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.
* Резервации и уплати може да се вршат директно во некоја од канцелариите на Аурора Турс во Скопје, безготовински со картичка, со банкарски трансфер на некоја од сметките на Аурора Турс, или преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

*** АКЦИЈА за нови резервации (од Јули 2020)
Резервации може да се прават со уплатен аванс од само 100еур, а преостанатиот износ треба да биде доплатен најдоцна 10 дена пред патување. Доколку аранжманот се откаже 15 или повќе дена пред терминот на поаѓање, уплатениот износ за резервацијата се враќа во целост без никакви задршки. За отказ помалку од 15 дена пред аранжманот важат општите услови на патување. Акцијата може да биде ненајавено прекината.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

ЗАБЕЛЕШКИ: Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

1.ден СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА 

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Полетувањето на авионот на Sun Express кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – 6/9/10/13 ден 

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, со 6, 9, 10 или 13 ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети

7/10/11/14 ден АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ 

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Лет за Скопје со Sun Expres во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.