Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ISTANBUL - НОВА ГОДИНА 2023

28.12.2022 - 01.01.2023 | 5 дена - 4 ноќи 

Групно патување со директен лет од Скопје


» Директен лет од Скопје со Pegasus Airlines.
» 4 ноќевања со појадок во хотел 4*
» Чекиран багаж
» Сите Трансфери
» Разглед на градот со превоз и водич


Истанбул
 - градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско - културното наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 11 милиони луѓе.

 

Превземи PDF Програма

 

Забелешки

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• 4 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот дел на Истанбул – Лалели
• Панорамски разглед на градот со превоз и локален водич
• Пратител за време на патувањето и престојот
• Чекиран багаж 20 кг + 5 кг рачен багаж
• Авиобилет на релација Скопје - Истанбул – Скопје
• Трансфер аеродром - хотел – Шопинг Центар – аеродром

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Патничко здравствено осигурување
• Дополнителни оброци
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
• Разгледи, екскурзии и влезници

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
• Излет 1 (60€) Долмабахче палата и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници во објектите.
• Влезница за Долмабахче Палата – 40€, Крстарење по Босфор 30€.
• Излет 2 (55€) Населба Балат, Вселенска Патријаршија, Sapphire Seyir Terasi, Таксим Плоштад. без влезница за Sapphire Seyir Terasi цената на овој излет изнесува - 35€.
• Излет 3 (50€) Султанахмет ( Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром ) Топкапи Палата, со вклучени влезници и локален водич, без влезница за Топкапи Палата цената на овој излет изнесува -  30€.
• Новогодишна прослава / крстарење на брод со вклучен трансфер од и до хотел – 125€.
• Излет – ноќно крстарење – Турска вечер, ( Предјадење, главно јадење, салата, десерт, музичко шоу, традиционални и стомачни танци, забавен дел ) - 45€ со неограничени безалкохолни пијалоци, 55€ со неограничени алкохолни пијалоци.
• Влез во Аквариум Туркуазу – 20€.
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: Излет 1  Излет 2 Излет 3 ***  155 € по лице*

*** цените за факултативните излети се изразени по лице ***
*** За реализација на факултативите потребни се најмалку 15 патници ***


ЗАБЕЛЕШКИ:
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум број од 20 патници.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• Цени за еднокреветна и трокреветна соба, како и за сместување со деца се достапни на барање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

 

За оваа програма важат Општите Услови на Патување  на Аурора  Турс
 

Програма

1 ден. ( 28.12.2022 СРЕДА ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Лет за Истанбул во 16:40 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул во 20:05 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, предлог прошетка во населбата Лалели каде што има многубројни ресторани, кафичи и продавници, шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум со придружба на нашиот претставник.  Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (29.12.2021 ЧЕТВРТОК ) ИСТАНБУЛ 
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на Чамлиџа-Џамија која претставува најголема и најнова Џамија во Истанбул, сместена на Азиската страна на Истанбул од каде што има фантастичен поглед кон Босфорот. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно денско крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување кое мора да се искуси, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде што се снимани и познатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Посета на продавница за сувенири, баклава и познатиот Турски локум. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности или ПРЕДЛОГ факултативен излет Ноќно крстарење по Босфор –ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД! Ноќевање.

3 ден ( 30.12.2022 ПЕТОК ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативен излет, овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некои од најубавите квартови (махали) на Истанбул. Ве носиме во една од најживописните и фотогенични населби Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде што може да се пробаат различни турски специјалитети, ѓозлеме, пиде... Посета на Вселенската Патријаршија, една од најзначајните симболи на Христијанството. Според рангирањето, оваа Патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Можност за посета на Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi )  со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Посета и прошетка по најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал која е долга 2 километри каде што од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (31.12.2022 САБОТА ) ИСТОРИСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок во хотел. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна пешачка тура со локален водич каде што ќе имате можност да се запознаете со најпознатите историски знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог слободно време за разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД ! Новогодишно ноќно крстарење по Босфор со многу забава и спектакуларен огномет! Ноќевање.

5 ден (01.01.2023 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од собите согласно хотелските правила. Се упатуваме кон познатиот и најголем трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде што се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2, а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и загрозените тропски видови. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните базени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Трансфер кон аеродромот.
Лет за Скопје во 16:05 часот (PC 351) часот. Пристигнување во Скопје во 15:35 часот по локално време.