Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Дубаи Декември (Golden Tulip Media)
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ДУБАИ - Декември 2022

07.12 - 11.12.2022 | 4 ноќевања | лет од Скопје

Празничен продолжен викенд во еден од главните светски метрополи - неуморно динамичен и секогаш атрактивен.

Сместување 4BB во GOLDEN TULIP MEDIA Hotel 4* 

>> Поаѓање од Скопје: 06.12.2022 во 20:45
>> Пристигнување во Дубаи: 07.12.2022 во 07:00
<< Враќање од Дубаи: 11.12.2022 во 15:10
<< Пристигнување во Скопје: 11.12.2022 во 19:55 

За резервации до 31.10 - 999 €‎ по лице ‎

Дубаи е еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи.

Превземи  PDF документ

» Лет од Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
» Чекиран багаж.
» 4 ноќевања со појадок во 4* хотел на добра локација.
» Вклучен разглед на градот со водич.
» Трансфери аеродром-хотел-аеродром.
» Придружник на групата.
» Можност за факултативни екскурзии и посети.

Забелешки

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС се составен дел од овој аранжман

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Повратни авионски билети Скопје - Дубаи - Скопје со Turkish Airline.
• Аеродромски такси.
• Чекиран багаж според правила на авиокомпанија.
• Oрганизирани трансфери во Дубаи на релација аеродром - хотел - аеродром.
• Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок.
• Организиран панорамски разглед на Дубаи со водич
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето (за 12+ пријавени лица).

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 95 €.
• Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување кое покрива лекување од Ковид-19.
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 15AED (4*)
• Факултативни излети.

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
• Влез на највисоката зграда во светот Burj Khalifa на 124от спрат: 75 еур
• Целодневен излет во Абу Даби: 75 еур
• Пустинско сафари ,вклучена вечера во импровизирано бедуиско селo: 60 еур
• Посета на Miracle Garden (влезници + трансфер): 55 еур
• Крстарење Дубаи Марина со вклучена вечера: 60 еур

ЗАБЕЛЕШКИ:
Организатор на ова патување е AУРОРА Турс;
• Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот;
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини;
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот, како и цените на факултативните излети;
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс;
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Програма

06.12 (вторник): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ 
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:45 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:45 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:10 часот, локално време. Полетување за Дубаи во 01:45 часот.

07.12 (среда): ДУБАИ   
Слетување на аеродромот во Дубаи на 07.12.2022 во 07:00 часот наутро по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер. Поаѓање со автобус од аеродормот и следи полудневен панорамски разглед на Дубаи, со лиценциран водич на српски јазик. Прекрасна можност панорамски да го видите традиционалниот и модерниот Дубаи. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Враќање кон хотелот и сместување во соби според хотелските правила и услови. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање..

08.12 (четврток): ДУБАИ – Пустинско Сафари
Појадок во хотел. Слободно претпладне за индивидуални активности. Попладне, факултативно Пустинско Сафари – Волшебно доживување во пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

09.12 (петок): ДУБАИ – Абу Даби
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на српски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

10.12 (сабота): ДУБАИ – Miracle Garden &amp; Dhow Cruise
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на Градините на Дубаи – Miracle Garden. Ќе имате можност да  уживате во најголемите вертикални и хоризонтални градини во светот со околу 50 милиони цветови и 250 милиони растенија, распослани на 72 квадратни километри. Гледајќи ја градината во полн цвет, со своите милиони цвеќиња распоредени во лакови, скулптури, со безброј шари и форми, ја прават оваа градина неверјатна. Интересно е што цвеќињата се засадени за да формираат различни форми. Некои прикажуваат срца, ѕвезди, разни видови кругови, а има и фигури од поголеми размери, како што се пирамиди, стари автомобили, мостови, патеки со виножито, шарени чадори, скулптура од авион и замок од цвеќе, што ќе направи да се чувствувате како да сте дел од бајка. Враќање во хотелот.
Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање.

11.12 (недела): ДУБАИ – Miracle Garden &amp; Dhow Cruise
Појадок во хотел и слободно време. Одјавување на собите согласно хотелските правила и Организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од нај богатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Дубаи за Истанбул во 15:10 часот. Слетување во Истанбул во 19.05 часот и полетување за Скопје во 20.25 часот. Слетување во Скопје во 19.55 часот, локално време.

 ---

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС се составен дел од овој аранжман

GOLDEN TULIP MEDIA HOTEL 4*
Хотелот Golden Tulip Media нуди луксузни апартмани со удобности на хотел од врвна класа, погодно лоциран во срцето на деловниот кварт Tecom -  Al Barsha Heights, на само 6 километри од центарот на Дубаи. Хотелот нуди лесен пристап до сите  атракции на овој живописен град, во близина на Dubai Media Centre, Dubai Marina, Internet Centre и Knowledge Village. Сето ова го прави хотелот идеален и за долгорочни и за краткорочни посети, за деловни посети или за одмор со семејството.  Хотелот располага со базен, сауна, и фитнес центар кој располага со кардиоваскуларна опрема, спа со услуга за масажа и парна соба, сали за состаноци, деловен центар и 24-часовна услуга во соба. 