Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
ИЗРАЕЛ - Божиќна тура
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ИЗРАЕЛ - БОЖИЌ 2023

05 - 11.01.2023 | 6 ноќевања | Полу Пансион | Богата програма

Групно патување со лет од Скопје и богата програма со вклучени посети и разгледи

Реализирајте го сонот со посета на земјата ветена од Господа на Авраам и неговите следбеници, земјата кон која Мојсие ги поведе децата на Израил по егзодусот во Египет и секако земјата родна на нашиот спасител, Исус Христос која и ден денес е колевка и светилиште на трите најголеми религии.

 

Резервации до 31.Октомври: 1.255 €‎ по лице
Резервации до 20.Ноември: 1.295 €‎ по лице
Резервации од 21.Ноември: 1.355 €‎ по лице

 

» Лет од Скопје преку Истанбул со Pegasus Airlines.
» Чекиран багаж
» 6 ноќевања во хотел на полу пансион (појадок и вечера)
» Еден ручек во Еин Гев (галилејско Езеро) 
» Сите Трансфери
» Сите посети споменати во програмата со влезници 
» Стручен локален водич на српски јазик и пратител на групата

 

Превземи PDF документ 

 

Забелешки

 Во цената е вклучено :
• Повратен авио билет со вклучени аеродромски такси Скопје – Истанбул - Тел Авив – Истанбул -  Скопје
• Сместување во Хотели со 3* на полупансион/ноќевање со појадок (5HB+1BB)
• Сите трансфери према програмата
• Сите посети и влезници  према програмата
• Ручек во Еин Гев
• Стручен локален водич на српски јазик
• Техничко водство / Пратител на групата
 
Во цената не е вклучено :
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Задолжителен бакшиш за локалните водичи и возачите – 45 УСД (се плаќа на лице место, веднаш по пристигнување на пратителот )

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Програма

1.ден: 05- ТИ ЈАНУАРИ: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ТЕЛ АВИВ
Состанок на групатана Аеродром Александар Велики во 8:00 часот. Лет за Истанбул со PC352 во 09:55 часот и слетување во 13:20 часот. Полетување кон Тел Авив со PC785 во 20:30. На аеродромот Ben Gurion се слетува во 21:35 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.
 

2.ден: 06-ТИ ЈАНУАРИ:  СТАРИОТ ГРАД – ПЛАНИНАТА ЗИОН –  ЕВРЕЈСКИ КВАРТ – ЗАПАДНИОТ ЅИД
По појадокот, заминување на целодневна  пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
 

3.ден: 07-МИ ЈАНУАРИ:  ВИТЛЕЕМ – МАСЛИНОВАТА ГОРА – НОВИОТ ГРАД –  ЕИН КАРЕМ
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место  на Св. Јован Крстител. Враќање  во хотел. Вечера. Ноќевање.
 

4. ден:  08-МИ ЈАНУАРИ:  МРТВО МОРЕ – ТАБОР – НАЗАРЕТ
По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Од таму продолжуваме  кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму се упатувваме накај Назарет за посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
 

5.ден: 09- ТИ ЈАНУАРИ: ГАЛИЛЕЈА – СВЕТИТЕ ОЛТАРИ – ТАБХА – ГОРА НА БЛАЖЕНСТВАТА – КАПЕРНАУМ -  ЈАРДЕНИТ
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината Beatitude и Tabgha, место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек во традиционален ресторан(вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање.
 

6.ден: 10-ТИ ЈАНУАРИ: НАЗАРЕТ – БАХАЈСКИТЕ ГРАДИНИ – ХАИФА – НЕТАНИЈА
По појадокот (со спакуван багаж) заминуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија.  Од таму се упатваме кон панорамско разгледување на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jaffa. Пристигнување во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање.
 

7.ден: 11-ТИ ЈАНУАРИ: ТЕЛ АВИВ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Одјавување од хотел во раните утрински часови. Трансфер до аеродром за летот на PC796  во 10:25. Лет за Истанбул, а потоа заминуваме за Скопје со PC351 во 16:05. Пристигнување во Скопје во 15:35.
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН