КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ & ОДМОР ВО ХУРГАДА

Египет - земја со 5.000 години цивилизациска историја, најстариот сведок на човештвото; земја во која природата, божествата, времето и вечноста се спојуваат.

 
Од крајот на IV милениум пред новата ера, на овој простор секогаш се случувало нешто многу важно за целата човечка цивилизација, било да се во прашање големите градежни работи, научни достигнувања или големите борбени освојувања.
Програмата Крстарење по Нил опфаќа многу значајни места во Египет, почнувајќи од најпознатото Египетско летувалиште Хургада па преку импозантниоте храмови во Луксор до прекрасниот Асуан.  
Крстарењето со  брод се одвива помеѓу Асуан и Луксор, во должина од окулу 220 км. Тое е можност да се ужива во раскошната убавина по долината на реката Нил, а од исток и запад погледот ви го земаат вечните пустини. Хургада со тек на годините прераснува во огромно летувалиште и денес опфаќа зона широка преку 70 км. 

 

Групно патување за време на Велигденскиот празничен период! 10 дневен аранжман со 8 ноќевања од кои 4 на All Inclusive покрај Црвеното Море и 4 крстарејќи на брод по реката Нил. Ова патување е прилика да се запознаете не само со најстарата цивилизација на планетата, каде културата, уметноста и науката значајно влијаеле врз развојот на човештвото, туку  и да ја доживеете убавината на земјата чија судбина со векови е врзана за НИЛ, мајка на реките, која што представува единствен извор на живот и опстанок на северо-источна Африка. Истовремено претставува и можност за неколкудневен одмор покрај водите на прекрасното, тропско Црвено Море.


16.04.2020 - 25.04.2020

» 8 ноќевања во 5***** хотел и брод

» Авионска карта од Скопје 

» Сите трансфери во Египет

» Богата програма со посета на некои од најважните места во Египет

» Цени од 995 € по лице со сите трошоци вклучени


cruise1920x400.jpg

 

Програма на патување:

 

1 ден 16.04: Скопје – Истанбул - Хургада

Состанок на групата на Аеродром Скопје во 09:30 часот. Лет за Истанбул со PC352 во 11:45 часот. Слетување во 14:10часот. Полетување за Хургада со PC622 во 22:45. Слетување на аеродромот во Хургада во 00:30 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел. Ноќевање.
2 ден 17.04: Хургада
Појадок. Слободен ден за уживање на брегот на Црвеното море. Можност за организирана факултативна посета на Рајскиот Осторв – Гифтун (Paradise Island – Рајски остров (со јахта)Поаѓање од хотелот и превоз до марината со автобус. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг (Површинско гњурење) од окулу 40мин. А потоа уште еден 40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде цели 3 часа ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 ден – 4 ден 18.04 – 19.04: Хургада
Појадок. Престој во прекрасниот 5 ѕвезден хотел на сама плажа на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Сончање, уживање на прекрасната пасочна плажа и капење во тиркизната , кристално бистра, беспрекорно чиста и топла вода на Црвеното Море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер ( Џип сафари, Тура Каиро со посета на Пирамидите... ). Ноќевање.
5 ден 20.04: Хургада – Луксор  
Ланч пакети за појадок. Поаѓање  кон Луксор во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич на српски јазик. 
Пристигнување во Луксор и започнување  на крстарење на Нил. Посета на Луксорскиот храм посветен на богот Амун, кој исто така е познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Потоа се упатуваме кон храмот Карнак, изграден повеќе од илјада години од генерациите на фараоните. Враќање  назад на бродот. Ноќевање.
6 ден 21.04: : Долината на кралевите – Есна 
По појадокот патувањето продолжува со премин кон западниот брег на Нил за посета на Долината на кралевите, огромниот "Град на мртвите", каде што се изрежани величествените гробови и исполнети со богатства за задгробниот живот. Потоа продолжуваме до подножјето на карпата, за да го посетиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараоните. Враќање и продолжување со крстарењето до Есна. Вечера. Ноќевање.
7 ден 22.04: Едфу – Ком Омбо- Асуан
Појадок. Пристугнување во ЕДФУ. Посета на најдобро сочуваниот старо египетски храм, кој бил посветен на богот Хорусу. Враќање на брод. Ручек. Патувањето продолжува кон Комомбу. Пловењето продолжува во тивка и релаксирачка атмосфера по Нил, и неговата плодна долина. По пристигнувањето во КОМ ОМБО посета на храмот на Совек и Хорусо од птоломејскиот период. Испловување кон Асуан. Вечера.Ноќевање на брод.
8 ден 23.04: Асуан
Појадок. Можност за факултативна посета на Абу Симбел, каде ќе имаме можност да навлеземе длабоко во Нубиската пустина и да ги посетиме храмовите стари 3000 години, направени во времето на Рамзес Втори. Враќање во Асуан, каде што ќе се споиме со групата.  Продолжуваме со разглед на Високата брана, инженерско чудо изградено во 1960-тите. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на  кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Се враќаме повтроно на брод. Вечера. Ноќевање.
9 ден 24.04: Асуан – Хургада 
Појадок, одјавување и напуштање на броддот. Можност за факултативна посета на храмот Филе, кој е посветен на мајката божица Изиди. По завршување на факултативната посета го продолжуваме патувањето кон аеродромот во Хургада, со попатни паузи. Пристигнување на аеродром, во доцните вечерни часови.
10 ден 25.04: Хургада – Истанбул - Скопје
Лет за Истанбул со   PC621  во 01:40часот. Слетување во Истанбул во 05:30. Лет за Скопје во 10:25 со PC351. Слетување во Скопје во 11.00 на 25.04.

 

КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ & ОДМОР ВО ХУРГАДА
БОГАТА ПРОГРАМА СО ВКЛУЧЕНИ ПОСЕТИ И РАЗГЛЕДИ
8 НОЌЕВАЊА: 4 СЕ ВКЛУЧЕНО + 4 ПОЛНИ ПАНСИОНИ 

 ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ  16.04.2020 – 25.04.20120  
 ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ  16.04.2019 – 24.04.20120
 УСЛУГИ  4AI + 4FB I 
 НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ  8Н / 10Д
 РАН БУКИНГ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА (Резервации до 10.ФЕВРУАРИ)  995 € / 61.690мкд
 Редовна Цена по лице во двокреветна соба   1.125 € / 69.750мкд
 Цена за дете (2-11.99)  675 € / 41.850мкд
 Доплата за еднокреветна соба  185 € / 11.470мкд
 
За резлизација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€.
Општите услови за патување на 
АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овој аранжман.

 

Цената влучува: 

• Повратен авио билет Скопје – Хургада – Скопје
• Аеродромски такси во висина од 141 еур (аеродромските такси се со променлива вредност и се подлежни на промена.
• 4 ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база СЕ ВКЛУЧЕНО, согласно програма, во хотел Sea Star BeaRivage 5* или Labranda Royal 5*, или друг сличен.
• Крстарење со брод 5* по Нил на база полн пансион. 
• Сите трансфери, според програмата.
• Сите посети, според програмата.
• Асистенција од локален партнер
• Стручен локален водич на српски јазик.
• Техничко водство / пратител на групата (доколку се задоволи минималниот број на потребни патници).
• Организација на аранжманот.
 
Цената не влучува: 
• Египетскка виза - се добива на аеродром при влез во Египет (потребен е пасош со најмалку 6 месеци важност и 25$).
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Факултативни излети во Хургада - (Каиро со посета на пирамидите, Гифтун – рајскиот остров, Џип Сафари).
• Факултативни излети на Брод (островот Фили, посета на Абу Симбел).
• Пијалоци на бродот.
• ​Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 40€ (се плаќа на водичот при пристигнување во Египет)
• Задолжително патничко осигурување.
 
Забелешки
Виза за Египет за лица со македонски пасоши е потребна - се вади и плаќа директно на аеродромот на слетување во Египет. Потребно е пасошот да биде со важност од минимум 6 месеци по датумот на враќањето.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• Патниците со пасоши кои не се Македонски потребно е да се информираат окулу визниот режим во соодветна институција. Агенцијата не сноси одговорност за пасошко - царински процедури. 
• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот и факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.