Египет

ЕГИПЕТ лето 2019 • Директен чартер лет  
ЕГИПЕТ е пустинска земја која се простира на запад и југ на Либиската пустиња а на исток на Арапската пустиња. Лоциран е на суптропски појас поради што во лето владеат високи температури кои растат како се оди кон југ каде практично и воопшто нема дождови.
ЕГИПЕТ не се само пирамидите и културно историските споменици туку и прекрасното Црвено Море, нуркањето, богат ноќен живот, луксузни хотели и ресторани, романтични крстарења по Нил, адреналински сафари тури ...Тоа е земја на весели и срдечни луѓе, добра музика, возбудливи пејсажи и можност за добри авантури. 
Климата во Египет
Летните месеци можат да бидат прилично топли но сувиот воздух и ветерот кој постојано дува носат големо освежување кое прави да не ви биде непријатно. Црвено Море е топло, со прекрасни тиркизни тонови и убави песочни плажи.  Температурата на морето не паѓа под 20 степени поради што изобилува со богат подводен свет, прекрасни корални гребени и најразлични тропски риби.
Локална валута во Египет
Локална валута е Египетската Фунта (LE ). Парите може да се менуваат во локалните менувачници, во банки или на рецепција во хотелите. Курсот варира, па добро е пред поаѓање да ја проверите моменталната вредност на Египетската Фунта.