ДУБАИ - 1ви МАЈ

Современото чудо на денешницата


 

Дубаи е еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. 

 

Празничен продолжен викенд во еден од главните светски метрополи - неуморно динамичен и секогаш атрактивен Дубаи.

30.04.2020 - 04.05.2020 (4 ноќевања) 
Сместување во хотел COURTYARD BY MARRIOTT AL BARSHA 4*

» 4 ноќевања со појадок

» Авионска карта од Скопје со Fly Dubai

» Аеродромски такси

» Трансфери 

» Разглед со водич

» Цени во ран букинг од 595 € по лице со сите трошоци вклучени (освен виза)


 

Програма на патување:

 

1 ден (Четврток 30.04): СКОПЈЕ - ДУБАИ
Состанок на групата на скопскиот аеродром , во 10:35. Директен лет со авионот на Флај Дубаи во 13:55 часот. Слетување во Дубаи во 20:35 часот, локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до избраниот хотел. Ноќевање.

2 ден (Петок 01.05): ДУБАИ
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативно, (доколку има можност) посета на Burj Al Arab. Единствена можност да уживате во луксузот на единствениот хотел со 7* во светот. Попладне, факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден (Сабота 02.05): ДУБАИ
Појадок во хотел, по што се поаѓа на организиран  полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

4 ден (Недела 03.05): ДУБАИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Доколку времето дозволува и има заинтересирани – факултативна посета на Emirates Palace – најлуксузниот хотел составен од девет палати, за секој емират по една и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани (претходно пријавување и уплаќање за ручек во Emirates Palace). Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

5 ден (Понеделник 04.05): ДУБАИ - СКОПЈЕ
Oдјавување од хотел. Рано изутрината организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од нај богатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Директен лет од Дубаи кон Скопје во 09.20ч. Слетување во Скопје во 12.30 часот на пладне.


 

ПАКЕТ ДУБАИ 1ви МАЈ

COURTYARD BY MARRIOTT AL BARSHA 4* 

 ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

 30.04 – 04.05.2020  

 ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

 30.04 – 04.05.2020  

 УСЛУГИ

 4BB

 НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

 4Н / 5Д

 РАН БУКИНГ ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА (Резервации до 10.ФЕВРУАРИ)

 595€ / 36.890 мкд

 Редовна пакет цена по лице  645€ / 39.990 мкд

 Попуст за трето возрасно лице

 - 30 € /  - 1.860 мкд

 Доплата за еднокреветна соба

 110 € / 6.820 мкд

 Попуст за дете 3 - 12.99 год  - 55 € / 3.410 мкд
 

За резлизација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€.
Општите услови за патување на 
АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овој аранжман.

 
Цената влучува: 
• Авионски превоз: Скопје - Дубаи - Скопје со авиокомпанија Fly Dubai 
• Аеродромските такси во Скопје и Дубаи 
• Oрганизирани трансфери во Дубаи аеродром - хотел - аеродром
• Сместување во хотел 3*/4*, на база 4 ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на Дубаи со водич
• Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 7 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 20 кг;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
 
Цената не влучува: 
• Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 85 €
• Патничко осигурување
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 20AED (5*) / 15AED (4*) / 10AED (3*)
• Факултативни излети (Влез на највисоката зграда во светот Burj Khalifa на 124от спрат; Целодневен излет во Абу Даби; Сафари; Крстрење “Dhow Cruise Creek”; Крстарење Дубаи Марина; Lego Land; Ferrari Theme Park)
 
Забелешки
Виза за влез во ОАЕ за лица со македонски пасоши е потребна и задолжителна. Контактирајте ја агенцијата за подетални информации.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• Патниците со пасоши кои не се Македонски потребно е да се информираат окулу визниот режим во соодветна институција. Агенцијата не сноси одговорност за пасошко - царински процедури.
• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот.
(авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.