АЛАНИЈА

АЛАНИЈА  - Турција летување  2019
Аланија е град со многу различни лица. Градот Аланија е сместен во Југоисточниот дел на Турскиот брег и се одликува со многу изразени изразени контрасти. Долги, песочни плажи и студени планински реки, древни рушевини од Римско време и модерни хотели, Ориент и Европа на едно место.. Некои Аланија ја нарекуваат и Мајорка на турскиот брег.
Летување во Аланија
Ако се согледаат бројните дискотеки како и големиот број на пабови и ресторани, тогаш ова тврдење изгледа како апсолутна вистина. Многуте споменици со историско значење, 2км долгиот песочен брег, пријатната атмосфера и извонредниот ноќен живот се, без поговор одрдници кои Аланија ја именуваат како една од најатрактивните туристички дестинации.