ИСТАНБУЛ

istanbul-round_.png

Град кој спојува култури, цивилизации, континенти

 

Истанбул - најголемиот град во Турција, се наоѓа долж течението на Босфорскиот теснец кој ја поврзува обалата на Мраморното со Црното Море. Овој огромен град, единствен на светот изграден на два континента (Европа и Азија), има површина од речиси 6.000 км2 и брои над 15 милиони жители според официјални мерења, односно 20 милиони неофицијално. 

 

Слично како Рим, градот е изграден на 7 брда и избилова со многубројни природни, историски и цивилизациски богатсва. За Истанбул е пишувано многу, инспирација бил и сеуште е на многу дејци, уметници, писатели, архитекти... Започнал како помал  град - Византион, кој потоа прераснува и се развива во Константинопол, па го понесува името Цариград, за денес сите да го знаат како Истанбул.

Денес тој е најзначајниот турски град. Брои преку 20 универзитети, многу библиотеки, културни центри, неизмерно богатство од културно-историски споменици. Иако не е главен град на државата, Истанбул секако е економското и културно седиште на Турција, како и најатрактивниот и најпосетен туристички центар.

Истанбул е фасцинантен и многу возбудлив, град кој ќе посакате да го доживеете повеќе пати во животот.


 

ИСТАНБУЛ - CITY BREAK

Авионска индивидуална програма

2, 3 или 4 ноќевања во хотел по избор во Истанбул, повратни авионски карти од Скопје, организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром.

» Кон понуда

 

 

   

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 

1.ден:  Скопје - Истанбул

Пристигнување на аеродром 3 часа пред и лет за Истанбул со Pegasus Airlines во окулу 02:35 часот, односно согласно времето наведено во авионската карта. По пристигнување во Истанбул, организиран трансфер до избраниот хотел и превземање на собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање во хотел. 

 

 2 / 3 / 4 ден:  Истанбул

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и разгледи, шопинг и уживање. Истанбул е град со огромен број на знаменитоси и места кои треба да се видат и доживеат. Предлагаме да се потрудите да видите што е можно повеќе. Ноќевање во хотел.

 

Последен ден:  Истанбул - Скопје

 Појадок и одјавување на собите согласно хотелските правила. Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје со Пегасус окулу 22:05 часот, според издадените вионски карти. Пристигнување во Скопје.

 
 

ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

» Авионски карти со Пегасус
» Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж 
» Аеродромски Такси.
» 2, 3 или 4 ноќевања вохотел по избор.
» Трансфер аеродром - хотел - аеродром.
» Организација на патувањето.
 

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 

» Патничко здравствено осигурување.
» Дополнителни оброци.
» Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
» Разгледи и екскузрзии (на барање може да се организираат).

 

 

ЗАБЕЛЕШКИ: 

» Дадените цени се калкулирани согласно најниските авионски тарифи и истите се предмет на расположливост, односно не можеме да ги гарантираме. Доколку не се пронајдат соодветни места на лет, цените може да бидат повисоки.

» Сите хотели се на барање.

» Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

» За време на празници цените може да се разликуваат од наведените. Ве молиме проверете со Вашиот агент.

» За влез во Турција потребен е биометриски пасош со најмалку 150дена валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

» За влез во Р. Турција потребен e негативен ПЦР Ковид тест не постар од 72 часа, или доказ за вакцинација; како и QR код од пополнета електронска здравствена декларација (условите за влез се предмет на промени).

» За резервација потребна е уплата од 50% од вкупниот износ, додека остаток се доплаќа најдоцна 14 дена пред патување. Авионските карти откако се издадени стануваат нерефундабилни.

» За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Аурора Турс