ЛЕТО СО АУРОРА

ЛЕТУВАЊЕ - одморот кој со нетрпение го чекате и го мислите цела година. Време кое го поминувати со најдрагите. Време кога се чувствувате опуштено и слободно, време за Вас! Искористите ја приликата со Аурора Турс да летувате на некое од вашите омилени летувалишта по ПРОМОТИВНИ FIRST MINUTE ЦЕНИ со вкалкулирани големи ПОПУСТИ, секогаш сигурно, квалитетно и професионално. 


 

   

МАКЕДОНИЈА

Истражете ги нашите природни убавини и уживајте со сите сетила во богатата туристичка и гастрономска понуда која е дел од понудата на Аурора Турс. Охрид, Струга, Берово, Крушево, Дојран или Маврово, има многу места во кои секој еден може да го пронајде својот мир и да ужива во денови одмор. Најдете ја посакуваната локација, сместувачки капацитет и период на престој преку пребарувачот на нашата веб страната, или директно контактирајте не со Вашето барање.

ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА • БОДРУМ

Со години наназад, Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните дестинации во регионот. 
Во летните месеци, за вас имаме директни чартер летови до турската Средоземна обала (АНТАЛИЈА), како и авионски аранжмани до елитната и монденска Егејска обала (БОДРУМ). Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри.

» Продолжи кон Анталија

» Продолжи кон Бодрум


ЕГИПЕТ • ХУРГАДА • ШАРМ ЕЛ ШЕИК

Египет не е познат само по пирамидите, мумиите и храмовите, препознатлив е и по атрактивните туристички летувалишта Хургада и Шарм Ел Шеик, лоцирани на обалата на прекрасното, беспрекорно чисто и топло Црвено Море.
Аурора Турс традиционално е присутна во овие региони повеќе од 20 години, период во кој има стекнато огромни познавања и искуства за овие дестинации, со што ви овозможуваме сигурен и квалитетен одмор, организиран на најпрофесионален начин. Во понуда оваа година има директни Чартер летови и за Хургада и за Шарм Ел Шеик. Пакет аранжмани со различни должини на престој и внимателно селектирана листа на квалитетни и проверени хотели. 

ТУНИС 

Тунис е земја во која се спојуваат илјадници години култура, земја на традиција и легенди, светлина и боја. Со своите прекрасни долги и широки песочни плажи, бројни хотели, секогаш мистичната и убава Сахара со оазите, интересни места за посета разонода и забава, Тунис привлекува многубројни туристи од целиот свет. Оваа година, после повеќегодишна пауза - Тунис повторно во нашата понуда.

ШПАНИЈА • КОСТА БРАВА 

Долги златни песочни плажи, топли и бистри води на Средоземното Море, забава, морски плодови, тапас, сангриа, Барселона... Шпанија е земја со долга и развиена туристичка традиција, дестинација која мора да се посети и доживее.
Аурора ви нуди авионски или индивидуални пакет аранжмани за Шпанија - Коста Брава.
» Продолжи кон понуда

ГРЦИЈА • ХОТЕЛИ

Избор на повеќе хотелски капацитети ширум Грција, сопсствен закуп во хотел TORONI BLUE SEA, богата апартманска понуда од нашите партнери....

ДАЛЕЧНА ЕГЗОТИКА

За сите сладокусци, истражувачи и авантуристи, светски патници со специфични афинитети и барања - тука сме да ги претвориме Вашите идеи и патувачки потреби во реалност. Спремни сме да Ве советуваме и да го организираме Вашето патување до најдалечните меридијани на светот, на професионален, софистициран и пред се сигурен начин...

Изберете ја Вашата дестинација и реализирајте го вашиот сон со патување на  Малдиви, Сејшели, Занзибар, Маурициус, Куба, Доминикана, Мексико, Шри Ланка, Бали, Ломбок, Тајланд, Малезија, Индија, Кина, Дубаи, Египет, Тунис, Мароко ...

» Продолжи кон понуди


Ве молиме следете не и информирајте се за најновите понуди, дестинации и пакет аранжмани. Доколку вашата дестинација и понуда не ја најдете на веб страната, ве молиме слободно контактирајте со нас директно.